Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: тироидни хормони

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за тироидни хормони, за што вели:

-Тироидни хормони се создаваат од гликопротеин тироглобулин во луменот на тироидните фоликули низ сложен процес на јодидна органификација, јодинација на тирозински остатоци формирање на МИТ и ДИТ за што е потребно доволен внес на јод со храната (јодирана сол) и нивно дуплирање со формирање на тироксин и тријодтиронин и нивен дежарж во крвта под влијание на различни протези и лизизомални пептидази. Влијанието и значењето на тироидните хормони Т3 и Т4 е во две насоки првата во развојот и диференцијација  на клетките а другата врз метаболните процеси и калоригенезата ,врз синтезата на РНК, мРНК, протеини и различни кофактори. Дејството го остваруваат тироидните хормони преку врзување за различни рецептори митохондријални,јадрени,меммбрански. Недостатокот на тироидни хормони кај деца можи да доведе до кретенизам и нарушен раст и развој.Дијагностички функцијата на тироидната жлезда се докажува со испитување најчесто на слободните тироксин и тријодтиронин (free T4 freeT3) во крвта кои не зависат од протеинските носачи и нивните аномалии за кои во поголем процент се сврзани во циркулацијата. TRH е хормон кој се лачи во хипоталамусот и влијае врз синтезата на TSH од хипофизата кој е гликопротеин составен од алфа и бета вериги.

Постои TRH test-се извршува со интравенска апликација на TRH и мерење во посебни лаборатории на зголемено лачење на ТSH од хипофиза кај здрави лица помеѓу 15 и 40 минута.Инхибитири на TRH, TSH  се тироидните хормони поради нормалниот процес на авторегулација .Врз лачењето на тироидни хормони има влијание и стресот,надворешната температура и хипоксијата. Морфолошката визуелизација на тироидната е со ултразвук -Ехо, поретко Скен, пункција со биопсија при сомнеж за малигнитет.     

Тироидните хормони влијаат врз расположение, моторика, свест, концентрација, срцев ритам, крвен притисок, квалитет на коса нокти, цревна перисталтика при што во случаи на хипертиреоза има нервоза, опаѓање на коса, кршливост на нокти, тахикардија со аритмии, хипертензија, екзофталмус, тремор на раце  перманентен, слабеење нагло за разлика од хипотиреозите кои се карактеризираат со нагло зголемување на телесна тежина, оток по капаци лице микседем, поспаност до кома, запек, брадикардија и хипотензија.

Лекувањето е во зависност од нарушувањето на функцијата на тироидната жлезда со хормони или тиростатици препарати во дадени случаи и оперативно.

More from СоветиMore posts in Совети »