На 01.01.2022 во 16.30 часот во СВР Битола М.М. (45) од Битола пријавила дека нејзината ќерка на возраст од 13 години се оддалечила од домот и ја известила дека ќе оди кај нејзиниот дедо, но се сомнева дека е со нејзиното момче. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 01.01.2022 во 16.20 часот во СВР Битола, С.Р.(40) од Битола пријавил дека околу 14.00 часот пред хотел во Битола, битолчанка замавнала кон него, но го удрила неговото дете, кое го држел во раце. За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.