Press "Enter" to skip to content

Во Битола 12 нови позитивни, оздравени 47, активни 358 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.072 тестирања, а регистрирани се 246 нови случаи на КОВИД-19 од Битола се 12.

Регистрирани сe 547 оздравени пациенти од Битола се 47.

До сега во Битола има 9.380 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 358 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица нема од Битола.

Направени се преку “Плодност“ 57 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.608.232 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.730, бројот на оздравени пациенти е 212.927, на починати е 7.975, а бројот на активни случаи изнесува 4.828.