Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: на 1 јануари 2012 родени 12 бебиња во Битола, најмногу на овој ден (фото)

-Обично со честитките кон своите најблиски, со тоа како се дочека Новата година, кој пееше на плоштадот, колку има пијани, дали има инциденти на новогодипната ноќ… започнуваат новинарските извештаи на 1 јануари. Но, неизбежна вест е тоа дали првото новороденче е машко или женско и тука извештај од посетата на градоначалникот на мајката на првороденото бебе, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. 

За првородените бебиња на 1 јануари, во 2012 година, или пред 10 години вели:-На 1 јануари 2012 година во Битола, односно во Клиничката болница во Битола и новата приватна специјалистичка болница за гинекологија “Плодност“ се родија дури 12 бебиња, а тие вчера го прославија својот 10 роденден, нивните родители се присетија на тоа први денови во 2012 година. Според мене, или според она тогаш го истражував низ новинарските написи, е рокорден број на бебиња родени во Битола, на првиот ден во Новата година. Сите новороденчиња првиот ден во Новата година ги посети тогашниот градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој на среќните мајки им подари букети цвеќиња и парична награда од по 10.000
денари.

-Но, и оваа година, вчера во Битола се родија 4 бебиња, во “Плодност“ и Клиничката болница, а тоа според народните верувања, годината која ја започнавме 2022, ќе биде плодна, додава Миновски.

 

More from БитолаMore posts in Битола »