Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: полицијата извлече тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица, 20 возачи возеле побрзо од дозволеното

Полициски службеници од ОВР Ресен вчера попладне добиле пријава (повик за помош) од Ј.Д. (20) од Битола кој, поради големи снежни наноси на планината Галичица, со своето патничко моторно возило „сузуки” и со уште двајца сопатници, А.В. и Ѓ.Д., бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима. Како што информира МВР, на местото на настанот веднаш излегле полициски службеници од граничниот премин Стење и го пронашле возилото. Возачот и сопатниците биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место.

На 02.01.2022 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 20 мерки, од кои 14 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 6 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.