Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: како ја вложувате енергијата која не насочува на поврзување?

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Запрашајте се, дали сте преокупирани и си ги поставувате несвесно овие прашања: Дали сум добар партнер? Каков сум како  родител: успешен, добар…? Каков ќе испаднам пред другите во средината … на работа, во средината, во објавите на социјалните мрежи?  Односно, каква слика за себе, „имиџ“  оставам?

Со ова може да изгледа дека силно се вложувате во некој или нешто на пример: партнерски односи, родителство, во средината, на работа…а всушност вложувате во себе и во тоа каква слика ќе оставите на другите, со својот „имиџ“.

Напнатоста (симптом на анксиозноста) на човекот е цврсто поврзана со неговата неспособност емотивно да се вложи во нешто. На пример во некој однос или во некоја работа, реализирање на нешто што му е значајно.

„Тоа е една голема вистина со која секојдневно се соочувам во психотераписката работа вели Небојша Јовановиќ психотерапевт  Зад анксиозноста, паниката, хипохондрија воглавном стои недостаток на поврзаност со некој или нешто…

Имено енергијата која не насочува на поврзувње, спрема С.Фројд  се  нарекува  ЛИБИДО. Како што вели „Ако либидото не се инвестира во објект (некој, или нешто, во љубов, сексуалност… тогаш се инвестира во себе (нарцизам, окупираност со сликата за себе или телесни сензации, хипохондрија, анксиозност…

 Вложување на либидото во нешто што не е  негова цел (поврзување со некој или нешто) е „расфрлање“  на животната енергија на комплекси и симптоми.

Меѓутоа може да изгледа дека личноста силно вложува во некој или нешто, а таа всушност вистински, инвестира во СЕБЕ, каква слика ќе остави на другите, со својот „имиџ“

Еве некои примери:

Во партнерските односи

– преокупирана е со тоа дали е добра, дали партнерот ја сака доволно, дали се чувствува сигурна, дали е доволно добра во сексот, дали и е удобно во љубовната врска, дали е заштитена…

Во родителството

дали е добар, успешен родител, дали децата и се гордост, каква  ќе испадне пред луѓето како родител…

На работа

-е преокупирана „каква ќе испадне“, со својата репутација, сигурност на сопствената позиција, „имиџот“.

-“имиџ“ на социјалните мрежи каква слика ќе прикаже за себеси : физички изглед, како родител, партнер, на работа дали ќе се прикаже како успешна самоактуализирана личност…

Може да изгледа (а и на другите) дека прилично се дава, вложува во некој или нешто. Тоа е всушност воглавном инвестиција во сопствената слика, со сите несигурности, комплекси,… а не поврзување со некој или нешто.

На тој начин тоа дури не е ни  инвестиција во себе.

Човек вложува вистински во себе кога зрело се вложи во другите, со креативост, создавање, творење   или вистинска работа на нешто која исполнува.

Вложување на „либидото“ во нешто што не е  негова цел (поврзување со некој или нешто)  е „расфрлање“  на животната енергија на комплекси и симптоми или како што  Н. Јовановиќ на интересен начин споредува.

 Тоа е слично како „чување на пари во перница“. Веројатно сте слушнале за приказната за луѓе кои живееле сиромашно, а после смртта откриено е „под, во нивната перница“ силни пари кои можеле да ги инвестираат за некој подобар живот.

Заради ова извадете го вашето „Либидо“ од „вашите перници“ бидејќи во нив нема вредност. Тоа не служи за тоа и таквото чување е „промашена инвестиција“. Инвестиција која најчесто и води  во „болест“.

More from СоветиMore posts in Совети »