Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 12 степени

Денес, вторник, 4 јануар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 12 степени.

Утре, среда, 5 јануар, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 12 степени.