Press "Enter" to skip to content

Во Битола 94 нови позитивни, оздравени 21, починати 3, починати 3 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 94.

Регистриран e 331 оздравен пациент од Битола се 21.

До сега во Битола има 9.484 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни 419 се случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица, 3 починати лица од Битола на возраст од 60, 69 и 90 години починати во болнички услови.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 89 и преку “Плодност“ 83 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667.

More from ВестиMore posts in Вести »