Press "Enter" to skip to content

Новогодишно-божикна бајка во домот на Софиа и Атина, нашите мали сограѓанки (фотогалерија)

Новогодишните празнувања продолжуваат во очекување на верските празници Коледе, Бадник и Божик кои го најавуваат раѓањето Христово. Децата се најрадосни во пресрет на овие празнувања, дарувања  и магијата која ја носат. Магична атмосфера во домот на Софиа и Атина која низ нивните фотографии може да се почуствува. Детската радост за доаѓање на празниците може да се види во невините детски очи.

Децата ги сакаат бајките, особено Новогодишните и Божикни бајки каде Дедо мраз патува и дарува подароци на сите деца во светот. За нив се е магично, но реално. Бајките постојат и одсекогаш постоеле за развивање на фантазијата и имагинацијата кај децата. Тие се составен дел од детството.  Верувањето во чуда на децата им помага да се чувствуваат посигурно. Во измислениот свет на бајки и приказни, децата се претвараат дека се  дел од него и така се внесуваат и  вежбаат ситуации кои ќе им  бидат од помош да полесно ги решаваат проблемите подоцна во реалниот свет на возрасни личности. На тој начин учат за  добро, зло, лошо, правилно, праведно, неправедно, убаво, грдо… Каде секогаш победува  доброто над злото.

Нивната мајка Ана  им ја доловува оваа бајка во нивниот топол дом со голема љубов и внимание,  а со тоа на непосреден начин ја развива нивната фанатазија и почитување на големите верски празници.

Фотографиите високо професионални, Софиа и Атина во детската колекција „ТОКИ“ изгледаат софистицирано и прекрасно во својот невин свет на бајките каде секогаш победува доброто над злото.

Со позитивни мисли и чувствувајќи ја магијата на празниците низ фотографиите на  Софиа и Атина можеме да се вративме во нашето детство кога верувавме во бајки и Дедо Мраз. Но  зошто да не постојат  и сега во нашиот свет на фантазии како возрасни личности, ако се чувствуваме добро во Новогодишно – божикната  бајка на убаво и совршено, победа на доброто над злото, макар и во деновите за овие новогодишни празници. Како спротивност  на суровата реалност која постои.

Сметам дека со повеќе зборови ќе ја нарушиме бајката  во која сите сакаме да поверуваме во Новата 2022 година, а тоа е победа на доброто над злото во светот. Затоа низ фотографиите кои вредат повеќе од илјада зборови восхитувајте се на  празнична бајка во домот на Софиа и Атина.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »