Press "Enter" to skip to content

По кратка пауза за Нова година стартуваа кошаркарите на Пелистер, Ѓуровски повреден во тепачката во Маврово два месеци ќе паузира

Само по неколку дена одмор поради новогодишните празници кошаркарите на Пелистер синоќа во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, ги започнаа подготовките за претстојната пролетна сезона каде ќе се борат на три фронта, во донашното првенстви каде есенскиот дел го завршија како првопласирани без пораз, во АБА2 лигата и во натпреварите во Купот.

Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, на стартот на подготовките и првите натпреари не ќе може да рачуна на репрезентативецот Стојан Ѓуровски, кој е повреден во тепачката на ски-лифтот во Маврово и ја оперира раката. Според неговата изјава тој ќе паузира до два месеци.

Првиот кошаркарски натпревар “пелистерци“ ќе го имаат на во рамките на АБА2 лигата во четвртиот балон кога на 18 јануар играат против екиата на Младост во Бања Лука. Термините за натпреварите во домашното првенство дополнително ќе бидат определени.

More from ВестиMore posts in Вести »