Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади, судар на трактор и “опел“, повреден велосипедист кај Смолево

На 03.01.2022 во СВР Битола, Х.М. (19) од Битола пријавил дека на ул. „Козјак“ во Битола била  физички нападната. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.01.2022 во 18.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Нижеполе се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор “ИМТ 539“ без регистарски ознаки, управуван од 61 годишник од село Карамани, битолско и патничко возило „опел фронтера“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 29 годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, додека возачот и сопатничката од “опелот“ од Битола се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа од Полициската станица Битола. 

На 03.01.2022  во СВР Битола, 44-годишна жена од битолско село пријавила дека  во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.01.2022 во СВР Битола, Џ.М. од Битола  пријавила дека на ул.„Козјак“ во Битола нејзиниот  внук  бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.01.2022  во СВР Битола било пријавено дека во место викано “Смолево“ во Битола 52 лице од Битола паднал од велосипед. Тој бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.  

More from ВестиMore posts in Вести »