Press "Enter" to skip to content

Во “Ушици“ по 58. пат коледарски оган, четири генерации заедно ја негуваат традицијата од 1965 (фотогалерија)

-Без разлика дали некој го одобрува, друг не, коледарскиот оган вечерва го најави Христовото раѓање, а како и пред 58 години, така и вечерва во населбата “Ушици“ во Битола каде е запален големиот коледарски оган, во паркчето во кое во лето се игра бељот, а во зима се пали огнот.По ланкото палење на огнот за Коледе во населбата “Ушици“ во Битола, само за адет, годинава жителите од “малата“ се вратија на ското 6 децениската традиција, од кога се пали оган за коледе. Повозрасните жители на оваа населба, кажуваат дека веднаш по започнувањето со вселувањето во новите куќи во населбата во 1965 година, на местото на стариот “Расадник“, започна да се пали коледарскиот оган, на истото место, во паркот, помеѓу улиците “3-та“ и “2-ра“.Оваа година, како и и во последните години честа да го пали огнот за Коледе во “Ушици“ го има Митко Лозановски, кој е тука од почетокот на изградбата на куќите, и кој ги постави првите клупи во паркот и првата маса за бељот заедно со Пеце Смилевски, кој е сега во Австралија и тогаш помалите во населбата, Оливер, Сашо, Тоци…-И годинава ја продолжуваме традицијата која е по 58. пат тука на истото место во паркчето во “Ушици“. Мене во шега ми викаат дека сум одговорен за паркот можеби 40 години, но мора да ги споменам и дригите кои се грижат Благој, Дејан, ти кои ни пишуваш и си со нас цело време, Цанко, и сега помладите Филип, Мартин, Ивица, да не ги набројувам сите. Но најважно е тоа дека сите заедно од ова “мала“ ја продолжуваме традицијата на коледарскиот оган во “Ушици“ вели Митко.А, тука покрај огнот не се само жителите на “Ушици“ кои живеат во “малата“, тука се и оние кои во изминатите години се преселени во други маала во градот од “Ушици“, но тука се за Коледе, секоја година.-Тука не живеам повеќе од 20 години, но секоја година сум тука на Коледе, а секако и на бељот во лето. Ме радува што еве годинава сме тука повторно сите, а се надевам дека кога се ќе се среди со короната ќе прославиме сите заедно со голема прослава, а ќе го донесам и татко ми Иванчо, вели Владо Кузмановски, од третата генерација од “Ушици“.“Постарите“  кои го запалија огнот претходно се подготвуваат за Коледе, а покрај него таму се раскажува за минатите времиња и секако се потсетуваа  како беше низ годините.-Секоја година во “Ушици“ е  трпеза колку дозволуваат условите, а ние и во лето се дружиме, иако сме погласни, но тука сме наши, нема некои поголеми забелешки.  Дали било комунизам, социјализам, капитализам, и дали поповите кажуваат дали да се пали оган или не, да се јаде покрај огнот или не, оган тука се палел, веќе 58. пат по ред, и мора да кажам дрка тука, во “Ушици“, никогаш немало некој да бил против.Се краделе дрва за оган, горел до сабајле, ние од ова место сме се дружеле и пак ќе се дружиме, вели Цанко Петровски, за кој покрај Митко може да се каже дека е “сведок“ на сите огнови кои се запалиле низ годините наназад, откако е изградена населбата.За скарата задолжени се помладите, кој и го одржуваат огнот, Игор, Иле, Филип, Владе, Мартин, Александар, Зоки…, а година на трпезата има пивтија и питулици со лук и орев.-Лани беше таква ситуацијата каква што беше. Се запали огнот колку за адет, вечерва сме тука, ни и сами слушата дека тема е короната, колку болни, колку заразени. Ние тук сите, продолжуваме со традицијата, “навлечени“ на Коледе, заедно со повозрасните која ја започнаа традицијата и иако дојдени од разми места започнаа да палат оган, а тука се и најмалите кои веќе ја прифатија традицијата. Иако скавме на 60. пат да направиме прослава, тоа ќе го направиме в година на 59. пат како генерална проба, а тоа ќе биде во знак на победата над короната. Вечерва направивме планови за в година, а ако се е во ред и ја нема короната ќе биде Коледе со многу содржини, оган на прво место, маси, програма, огномет…, а ако врни ќе се снајдеме ќе поставиме шатори, вели Фили Сековски од Рафевци, како ја викаа порано неговата фамилија.Тука на едно место се четири генерации, а како некои рекоа можеби има и петта генерација, на огнот кај картите е запален огнот по 58. пат, е жителите од населбата се надеваат дека ќе гори на овој ден уште 100 години… а ќе се продолжи традицијата која ја започнаа нивните дедовци, татковции Душко, Спире, Мендо, Рампо, Коле, Рафе, Коста, Џајко, Бале, Сандре, Томе, Крсте…Вечерва традицијата ја продолжуваат помладите генерации, и така сега покрај огнот заедно беше и четвртата генерација на внуци и правнуци, кои исто како и нивните татковци и дедовци палат оган, кои се радуваат на огнот, на “прскалиците“, на сендвичот со колбаси како го викаат сега.Текст и фото: Сашо Ристевски