Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот Коњановски по повод Денот на Брајовата азбука донираше книги со Брајово писмо во библиотеката

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска донираше книги со Брајово писмо во НУУБ „Свети Климент Охридски“. Со зголемувањето на библиотечниот фонд со овие лектирни изданија, се овозможува нивна достапност и за децата со оштетен вид.

Донацијата се реализира по повод Меѓународниот ден на Брајовата азбука 4 Јануари, а се состои од повеќе примероци на книгите Гоце Делчев од Ванчо Николески, Песни од Миладинов, Автобиографија на Григор Прчличев и Малиот Принц од Антоан де Сент Егзипери.