Во пресрет на божиќните празници, денеска, 5 јануари, Отсекот за превенција при СВР Битола на подрачјето на Битола реализираше превентивна активност со која беа опфатени угостителските објекти, како и здружението “Еснаф“ од Битола.
На угостителите им беше укажано од неопходноста за почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19, почитување на Законот за јавен ред и мир и злоупотребата на пиротехничките средства.