Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 24 санкционирани возачи за брзо возење, 11 за непрописно престигнување

На 04.01.2022 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 24 мерки, од кои 6 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 18 за пречекорување на брзината надвор од населено место.

Денеска (05.01.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 11 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.