Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Љупчо Стефановски со нова донација, овој пат за децата со посебни потреби

Битолчанецот Љупчо Стефановски и ова година ја продолжи својата традиција, за време на Новогодишните и Божикните празници да донира, а овој пат тоа го направи за децата, односно лицата, со посебни потреби. 

-Секогаш кога можам, а се трудам секоја година, да донирам, колку што се моите можности, лична донација за време на Божикните празници. Сум донирал на одделението за урологија и на САРИЛ во Клиничката болница, на многу продажни базари, сум подарил библиотечен фонд во училиштето во Бистрица, на манастири… но овој пат се одлучив за лицата со посебни потреби. Не згрешив во изборот, бидејќи денес имав прекрасно дружење со нив, а за возврат ми ги подарија нивните лични творби, рече Стефановски по врачување на донацијата.