Press "Enter" to skip to content

135 нови позитивни на ковид-19 во Битола од 244 тестови, оздравени 10, активни 544 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 135.

Регистрирани сe 217 оздравени пациенти од Битола се 10.

Досега во Битола има 9.619 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 544 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 110 и преку  “Плодност“ 134 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818.