Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, од утре облачно и студено

Денес, четврток, 6 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 13 степени.

Утре, петок, 7 јануари, во Битола времето ќе биде претежно облачно и постудено. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 6 степени.