Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот Коњановски на Бадник во посета на бездомните лица за кои се грижи Црвен Крст

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес ги посети сместувачките капацитети за бездомни лица во надлежност на Црвен крст, Општинска организација Битола.

Убавината и вербата која ја носат големите христијански празници Бадник и Божиќ, стануваат уште поголеми кога празнувањето е исполнето со споделување. Во таа насока, со цел внесување радост и кај бездомните лица.

Со Божиќни подароци од прехранбени продукти и пакетчиња за најмладите, градоначалникот внесе празнична топлина и кај овие лица, а во непосредна средба со нив се информираше за состојбата на лицата од социјално загрозени семејства и нивните потреби.