Press "Enter" to skip to content

Божик во домот на Маргарита Христова, секоја година различно украсен празничен амбиент (фотогалерија)

На 2 јануари 2018 година, “Bitolanews“ го објави првото интервју  во кое пишувавме… Започнуваме со интервјуа на познати битолчани или оние кои оставиле трага во животот на Битола во различни области на уметност, музика, култура, политика, спорт и наука. Чест да ја отвори рубриката и припадна на битолчанката, Маргарита Христова, естраден уметник и разговор со неа во празнично уредениот дом за Божик, кој се наоѓа во центарот на Битола, десетина метри под Широк Сокак, на улицата кај што се наоѓаше старото Медицинско училиште.  Маргарита беше наш прв соговорник во интервјуата која зборуваше за себе и својата кариера. Тогаш семејството Христови едно од старите битолски семејства кои живеат во семејната куќа во центарот на Битола од 1925 година ни беа љубезни домаќини. Од тогаш секоја година разговор со Маргарита Христова, за време на Божикните празници, кога ги правиме несекојдневните фотографии во нивниот дом, секако освен минатата година заради пандемијата. Пребирливите битолчани регираат дека е заслужено  и додаваат дека во градот ретко се наоѓа такво семејство кое неколку децении во својот дом си ја раскажува Божикната приказна, во  препознатлив стил, со илјадници светилки, можеби километар кабли низ куќата и дворот и сигурно потрошени стотина “работни сати“ за да сето тоа изгледа и финкционира  беспрекорно.

Секоја година  домот на семејството Христови во Битола за Новогодишните и божикни празници добива  различен изглед, посебен и оригинално  украсен. Нивниот дом, куќата и дворот  изгледаат магично, особено навечер кога се запалат светилките и ги осветлат  пештерата со Исус Христос, Марија и Јосиф означувајќи го раѓањето исто како на божествената Витлеемска ноќ. Со влегување во дворот во тивката вечер се слушаат  и празнични мелодии.  Секој дел од дворот и куќата раскажуваат посебна приказна, која придонесуват се да изгледа мистично.Во семејството Христови, Божик има големо значење и поради тоа го украсуваат домот со посебно внимание. Тие ни кажаа дека за осмислувањето на целиот празничен Новогодишно божикен амбиент е заслужна домаќинката Марика Христова која се подготвува подолго време пред да започне со украсување на целиот амбиент.-Секоја година имаме различен амбиент, секој дел од куќата има и раскажува посебна приказна. Се разбира во центарот на внимание е нашата голема елка која оваа година е замислена како огромен подарок со панделка. Таа е центар на украсувањето и е најзначајна. Сите ние секој пооделно учествуваме и придонесуваме нашиот дом да изгледа бајковито започна домаќинката Марика Христова, за да продолжи мојот сопруг Михајло Христов, е тука да ги „осветли“ во право светло  сите мои идеи. Тој стрпливо ги поврзува каблите за сите стотици сијалички.

-Моите ќерки Маргарита  и  Мелина секоја година купуваат нови декорации и украси како дополнување и кои се во тренд. Тие се тука за естескиот дел, се  да изгледа совршено, беспрекорно наместено, „под конец“ што се вели, ни кажува скромно Марика Христова која не сакаше да се фотографира пред незјините високо естетски декорации на кои би и позвиделе  декоратери за оваа намена на светско ниво.

За Маргарите Христова  и нејзиното семејство, Божик има големо значење,  а за овој голем празник, како се славеше низ годините пред пандемијата  кај нив, Маргарита со возбуда зборува:

-Сакам многу да патувам, како  од задоволство така и заради моите музички ангажмани, но за Новогодишните  и Божикните празници секогаш бев, сум дома, како и заради моето семејство така и заради атмосферата околу мене. Пред пандемијата многу повеќе патувања, а исто така на овие  празници се сеќавам со носталгија дека се собиравме многу луѓе  во нашиот дом… како пријатели, роднини и правевме  седенки со музика до доцните часови. Потекнувам од музичко семејство каде песната и музиката биле дел од мојот живот. Заради тоа и ги гледате овие инструменти тука, ни покажува на клавирот и двете гитари, вели Маргарита и додава:-Татко ми Михајло  Христов, по потекло стар биточанец, пеел и ги забавувал гостите  на игранки во Офицерскиот дом во 60-тите години. Потоа мајка ми Марика Христова е наставник по музичко обтазование. Секако ги имам нивните гени, но  тие ме насочуваа и поттикнуваа во мојата музичка кариера која ја започнав во нижото музичко училиште, а започнав да пеам уште на  5-6 години. Со пандемијата овие две години ги нема домашните собирања и  се се измени и многу ми е жал поради ова, но се надевам дека се ќе остане зад нас и повторно ќе се вратиме на вистинското нормално кога сите се собиравме, пеевме, веселевме, гушкавме… без страв, особено за овие празници.

Ќе откријам една моја неостварена желба, а тоа е да учествувам на фестивалот Сан Ремо во Италија. Имам и други планови на музички план за во иднина.  Со пандемијата како да запре се. Но, се надевам дека оваа 2022 година ќе заврши се и продолжуваме со оптимизам во подобри времиња. Ако имам добра песна можеби ќе ми се исполни желбата. Повеќе не би откривала, само здравје кое увидовме дека е најзначајно, потоа семејството поддршката од него, која ја имам и многу сум среќна поради ова. Поскувам многу среќа, љубов и  радост да не прати следната година, се рзабира и да заврши пандемијата кажа за крај Маргарита Христова  со што упати и честитка за Новата 2022 година.Јас би додала дека без љубов, почит и слога овој амбиент нема да  зрачи со толкава позитивна енергија и  Божикните празници делуваат толку волшебно, мистично и со тоа ја добиваат вистинска смисла. Фотографиите ќе доловат само дел од овој магичен амбиент за Божик во домот на Маргарита Христова и нејзиното семејство.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »