Press "Enter" to skip to content

Во Битола 134 нови позитивни на ковид-19, оздравени 23, починато едно лице на 78 години, активни 777 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.932 тестирања, а регистриран е 1.171 нов случај на КОВИД-19, од Битола се 134.

Регистрирани сe 204 оздравени пациенти од  Битола се 23.

Во Битола има 9.903 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 777 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица, едно починато лице од Битола на 78 години.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 127 и преку “Плодност“ 200 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.641.868 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231.436, бројот на оздравени пациенти е 214.258, на починати е 8.012, а бројот на активни случаи изнесува 9.166.