Press "Enter" to skip to content

Браќата Илиевски ја отвораат новата ракометна година, ќе судат осминафинале во Европскиот Куп во Турција

По делегирање на Европската ракометна федерација на официјалните лица, а по одличната арбитража на дуелите од претходната рунда во Европскиот Куп, како и на квалификациите за женското кадетско Европско првенство, битолската двојка Методија и Михајло Илиевски доби нова задача.

Браќата Методија и Михајло Илиевски се делегирани и денес ќе го судат дуелот од осминафиналето во Европскиот куп меѓу тимовите на Измир и Рокаса Гран Канарија во Турција.

По една седмица ракометната правда ќе ја делат и судискиот пар Димитар Митревски и Благојче Тодоровски во Црна Гора и Даниело Божиновски во Хрватска.