Press "Enter" to skip to content

Во Битола 2 нови позитивни на ковид-19, оздравени 22 лица, починати 2 лица едно на 40 години

Нови 632 случаи на КОВИД-19 од направени 6531 тест се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа од новодијагностицираните, во Битола се два случаи, поради празникот Божик немаше тестови во Битола.

Регистрирани сe и 248 оздравени пациенти, од Битола се 22.

Во Битола до сега има 9.905 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 755 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица, две од Битола на возраст од 40 и 75 години починати во болнички услови.