Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: со камион изгубил контрола и удрил во двор на улица “Љубојна“

Во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Љубојно“ во Битола, од А.Ч. (26) од село Црнобуки, битолско, управувајќи товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.