Press "Enter" to skip to content

Три години ПЗУ “Д-р Чипуровски“ специјалистичка интернистичка ординација – Битола

Пред три години започна со работа ПЗУ “Д-р Чипуровски“ специјалистичка интернистичка ординација – Битола, која започна да работи во 2019 година за време кога се слават Новогодишните и Божикните празници.За трите години работа, д-р Васил Чипуровски, специјалист интернист, управител и Сопственик на ПЗУ “Д-р Чипуровски“ ни рече:-Ова беше една моја идеја која еве веќе три години се остварува и ќе се надоградува. За овие измианти три години ќе кажам, и ќе бидам искрен очекував да биде полесно, но состојбата со пандемијата малку ни ги разиниша плановите и моравме да се прилагодиме на протоколите со кои цело време работиме. Се надевам дека за брзо ќе започнеме да работиме во нови, нормални услови, и она што го планиравме, а не го остваривме ќе го реализираме, а планови има. Што се однесува пак до пациентите, тука нема отстапки, ќе работиме на тоа и во иднина да им ја даваме најдобрата услуга, квалитетна и брза.Поради три годишна деловна соработка со деловните партнери д-р Васил Чипуровски додели благодарници на Иван Богојовски од “Белупо“ ДООЕЛ Р.Хрватска, Никола Шурбевски раководител на Медицинска лабораторија “Синлаб“, Адвокат Зоран Николовски, д-р Сашо Топаловски управител на ПЗУ “Д-р Топаловски“, Менде Ангелевски од “Алкалоид“ Дооел -Скопје и сертификат за три годишна работа во специјалистичка интернистички ординација -ПЗУ “Д-р Чипуровски“ на медицинска сестра Кристина Стевановска.

Д-р Чипуровски е постојан соработник на нашата редакција и секоја сабота одговара на прашања на наши читатели, пишува за дијагностика на разни болести и други актуелни теми.