Press "Enter" to skip to content

Божикен концерт на црковна музика во Офицерски (видеа + фотогалерија)

По повод големиот христијански празник Божиќ, во организација на Општина Битола, вечерва во Офицерскиот дом во Битола, се одржа Божиќен концерт.Присутните имаа можност да го проследат настапот на машкиот хор “Свети Нектариј Битолски“ и женскиот хор “Света  Макрина“ од Битола.

На Божикниот концерт присуствуваше Владиката Петар, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и верници љубители на црковната музика.Со женскиот хор  “Света Макрина“ диригираше Мери Чекуткова.Хорот “Света Макрина“ ги изведе црковните песни: Тропар на Раѓањето Христово, “Дева денес“, Псалм 33, Причесен 150 псалм, “Царице Небеснаја“, “Вечниот Бог“, “Слава Богу за все“ и “Света Дево. 

Машкиот хор “Свети Нектариј Битолски“ црковните песни ги изпеа под диригентво на Игор Гулевски.Хорот “Св. Нектариј Битолски“ ги изведе црковните песни: Тропар на Раѓањето Христово, Тропар на Св. Нектариј Битолски, Воскресни тропари, Задостојник на Раѓање Богородично, Задостојник на Раѓање Христово, Божикна катавасија, “Достојно е“, “Свети Боже“ и “Света Дево“.

More from КултураMore posts in Култура »