Press "Enter" to skip to content

Во Битола 164 нови позитивни на ковид-19, оздравени 32, починато едно лице, досега над 10.000 битолчани позитивни

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 11.479 тестови, а регистрирани се 1.396 новислучаи на КОВИД-19, од Битола се 164.

Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од Битола се 32.

Во Битола е помината бројката од 10.000 позитивни лица, а досега 10.068 лица биле или се позитивни на ковид-19, а активни случаи има 885.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица едно починато лице од Битола на возраст од 79 години.

Направени се направени вкупно 2465 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 123 и преку “Плодност“ 222 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.659.878 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464,бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.