Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: претседателот Иванов со прием во Битола за дипломатскиот кор, Битола во 2012 беше дипломатски центар (фото)

-Во сите мои истражувања и пишувања сум се осврнал на тоа дека Битола биле дипломатски, односно конзулски центар пред околу 100 години, но пред 10 години во јануар 2012 година Битола за еден викенд повторно беше дипломатски центар, благодарени на тогашниот претседатели Ѓорѓе Иванов, кој приреди прием за сите дипломати во Македонија, кои тогаш беа на служба, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Традиционалниот новогодишен прием кој го правеше за дипломатскиот кор за Стара нова година, тогашниот претседател Иванов, за првпат од осамостојувањето на Република Македонија го одржа надвор од Скопје, во Битола. За Василица Битола беше вистински дипломатски центар и престојуваа десетици амбасадори од речиси сите земји од Европа и светот, кој се одржа во Заводот и музеј Битола, кој, се сеќавам не можеше поради студеното време доволно да се затопли. Тука беа амбасадорите од Велика Британија, Австрија, Франција, САД, Украина…Приемот започна со дипломатското поздравување и фотографирање со претседателот, сите стрпливо чекаа во редот да се поздрават со претседателот Иванов и да си посакаат
се најубаво во новата 2012 година. Потоа Иванов одржа говор во кој ги спомена за тогаш сите актуелни прашања во државата, а во името на дипломатскиот кор на присутните им се обрати доајенот на дипломатскиот кор, тогашниот, словенечкиот амбасадор, Ален Брајан Бергант.Бројните дипломати имаа прилика во музејската сала на Заводот и музеј Битола, во кој практично е изложена целата богата историја не само на Битола, туку и на македонската држава, имаа можност уште еднаш, најдиректно, да се запознаат и да се уверат во богатата вековна историја.Дипломатите за време на дводневниот престој во Битола го посетија и Националниот
парк Пелистер, каде тогашниот градоначалник, Владимир Талески, во Инфо-центарот, каде беше прикажан и 10-минутниот филм, за Битола. Дводневното дружење на дипломатите со претседателот Иванов заврши со куса прошетка на Пелистер до Ластојчин камен, а во 
хотел “Молика“  беа послужени со оригинални македонски специјалитети.

More from БитолаMore posts in Битола »