Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: по кавга употребен остар предмет, приведен крушевчанец, 20 возачи возеле под дејство на алкохол

На 8 февруар во 20 часот Л.С. (36) од Битола пријавил дека во Битола по претходна вербална расправија со лице од Кичево, дошло до меѓусебна пресметка во која бил употребен и остар предмет. Се работи на расчистување на случајот.

На 09.01.2022 во 02,50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 42 годишно лиц од Крушево поради спречување на полициски службеници во вршење на службени дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

Од 22 часот синоќа до 3 часот по полноќ полицијата  спровела зајакната акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на целата држава. Во контролите изминатата ноќ, како што информира Министерството за внатрешни работи, санкционирани се 106 возачи. Од нив, 20 на територијата на СВР Битола.