По повод новогодишните празници, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Ротари клубот Битола Широк Сокак наградија повеќе читатели за најубави пораки поврзани со содржина за Нова Година, а добитници се: Ангела Коневска, Марина Цветкоска, Наташа Ѓорѓиевска Јанкоска, Наташа Тодоровска, Наташа Настевска.
Добитниците ги напишаа пораките: Нека новата година Ви донесе благосостојба на сите полиња, а Господ да ви подари здравје, љубов, среќа, спокој, слога, исполнетост… и сѐ што не може да се купи со пари. Посакувам во 2022 година да имате стотици соништа за кои вреди да живеете, илјадници причини за да се смеете, милиони радосни моменти во кои ќе уживате и ниту една причина за да не тагувате. Среќна Нова година! Како што седум бои го исполнуваат волшебното виножито, така твојот живот нека го исполнат боите на љубовта, искреноста, грижливоста, довербата, здравјето, пријателството и задоволството. Среќна Нова година и божиќни празници ! Новата година да ни донесе весели насмевки на лицата, здравје и љубов со семејството, и многу заеднички активности на библиотеката со учениците . Среќни и весели празници,а за зимскиот одмор другарувајте со книгите. Нека Новата Година донесе безброј радости со најмилите, безброј причини за наздравување со саканите, нека секој миг биде исполнет со пријатни чувства…. Нека се множат искрени пријателства… Трпеливост и истрајност пред секоја препрека…. А здравјето да нѐ служи да можеме да се остваруваме на секое поле… Да ја прегрнеме Новата во сплотеност, љубов и хармонија и да ја запаметиме по милион добрини што сме ги направиле!