Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на Ковид-19, од нив во Битола се 49.
Регистрирани сe 998 оздравени пациенти од Битола се 58.
До сега во Битола има 10.117 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 876 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица, нема од Битола.
Направени се преку “Плодност“ 47 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.665.043 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 234.277, бројот на оздравени пациенти е 215.852, на починати е 8.042, а бројот на активни случаи изнесува 10.383.