Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: во годината што доаѓа и “среќата“ која ја очекуваме – поставете реални цели и одлуки за личен развој

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Со  доаѓањето на Новата година сите со возбуда  си посакуваме најубави желби на здравје, среќа, радост, пари… особено оваа година очекувањата ни се поголеми, пандемијата која владееше скоро цели две  претходна години не исцрпи вовлекувајќи во сите неизвесност, страв, анксиозност. На почетокот на годината кај сите  големи очекувања, надежи, предизвици, желби за промени кај себе… и среќна која си ја посакуваме. Но,  треба да знаеме дека среќата и да ни се “пружи“,  треба правилно да ги искористиме своите можности и потенцијал. Затоа еве некои препораки:

На личен план

 -Бидете задоволни со тоа што го имате, а не со тоа што го немате и посакувате.

– Поставете си цел која сакате да ја направите.но поставете си реални цели. Со анализа на себе, како и на своите потенцијали и слабости.

Не превземајте задачи и одговорности на себе кои не можете да ги направите, за потоа да се чуствувате немоќни, неспособни, а со тое и незадоволни од себеси.

Развивајте ја својата самосвест. Ако сте искрени со себе и правилно се проценувате тоа ќе ви помогне да немате некои нереални очекувања од себе. Со тоа ќе бидете задоволнио со себе и своите постигнувања.

Бидете љубопитни. Ова ги поттикнува вашите интереси, желби и ќе ви помогне да се пронајдете себеси во она што вистински ве интересира и ве исполнува.Со ова може да пронајдете свое ново хоби, интерес, а со тоа и страст кон нешто кое ќе ве исполнува во слободното време.

Во комуникацијата со другите луѓе

Не донесувајте суд или не судите за другите луѓе(личности) врз основа на предрасуди за политичка определба, социјален или економски статус, припадност кон некоја заедница, пол, возраст…или врз основа на озборувања за него, и денес вакциниран или не.

 –Почитувајте ги другите луѓе, нивните ставови, интереси, погледи кон животот…кои не мора да бидат исти како вашите. Ако не се сложувате покажете асертивност во комуникацијата. (Види текст “Асертивно однесување“ во Совети).

– Бидете што помалку чувствителни на критика.Ако некој ви забележи нешто со што не се сложувате немојте веднаш да се повлекувате или да напаѓате. Овие реакции зборуваат само за тоа како се носите со критицизам. Добро проанализирајте дали за забелешката се во право, заблагодарете на искреноста и запомнете ги нивните коментари.

-Научете да кажете НЕ. Како во смисла на своите внатрешни нагони, желби, пориви. Тоа значи една самодисциплина на тоа што сакаме да го имаме и поседуваме .Секако да знаеме да се заштитиме себеси. Да знаеме кога треба да кажеме НЕ во односите со другите луѓе во различни ситуации, за да не се чувствуваме искористено и незадоволни од себе.

 Во однос на вашите чувства

-Научете како да ги препознаете своите чувства. Поставувајте си прашања на себе „како се чувсвувам?, Зошто така се чувствувам? Да ги препознаете чувствата и емоциите и да се обидете да ги разликувате и анализирате. Но при тоа немојте да ги преувеличувате, ниту минимализирате.

Превземете одговорност за своите чувства. Не барајте надворешни објаснувања за она што го чувствувате, нашите чувства зависат од тоа како ние ја согледуваме ситуацијата. Заради тоа немојте постојано да се прикажувате како „жртва“ на надворешни ситуации.

Предвидете ги своите чувства. Со анализа и рангирање на своите чувства научете однапред како ќе реагирате после одредена случка што ќе се случи. Избегнувајте да правите работи кои инспирираат негативни чувства и емоции кај вас.

Прашувајте ги другите луѓе како се чувствуваат (емпатија). Понекогаш не можете да знаете како некој се чувствува, ако не го прашате, (освен ако имате нагласено развиена интуивција и емпатија). Во секој случај морате прво да ги разберете, за да можете да сочувствувате со нив. При тоа слушајте ги внимателно.

 –Помагајте, дарувајте колку што можете, од срце, но без очекувања дека тоа треба да ви се врати (за  да не се почувствувате „искористено“)

-Помалку технологија. Оставете ги смарт телефоните за миг, Интернетот и социјалните мрежи. Вратете се на вистинската и правилна  комуникација со другите луѓе каде чувствата и емоциите,  емпатијата можат да се видат во вистинско и право светло. Дури и денес со носење на маска за заштита и физичка дистанца не го запоставувајте дружењето со другите луѓе.(човекот е социјално битие). Комуницирајте со очи, на тој начин интуитивно ќе воспоставите подобра комуникацаија и разбирање со другите луѓе. (Велат „Очите се огледало на душата и тие никогаш не лажат).

More from СоветиMore posts in Совети »