Press "Enter" to skip to content

Состанок на кризниот штаб на Битола, се зборува за состојбите после земјотресите и ковид-19

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за денес во 11.00 часот, закажа состанок на општинскиот кризен штаб во проширен состав. На состанокот главниот акцент ќе биде ставен на две точки:

Првата, состојбата во Битола после вчерашните серија земјотреси и втора точка, состојбата со КОВИД 19 во Битола.

На состанокот ќе бидат разгледани и дополнителните мерки кои може да бидат преземени од страна на штабот за заштита и спасување на Општина Битола по однос на наведените две точки.