Press "Enter" to skip to content

Во Битола 226 нови позитивни на ковид-19 од 267 тестирани, активни 1.101 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 226.

Поради технички проблем во системот Мој Термин во текот на денешниот ден не беа евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација.

До сега во Битола има 10.343 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.101 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку: ЦЈЗ Битола 121 и преку “Плодност“ 146 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.672.767 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.