Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер ги започна подготовките, Бабиќ попладнево прозиваше во Битола (фотогалерија)

Вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола започнаа подготовките на Еурофарм Пелистер за пролетниот дел од оваа ракометна сезона, во која битолчани ќе се борат на три фронта. Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, прозиваше но екипата пораки репрезентативните обврски на голем дел од тимот и нивниот настап на престојното Европско првенство  и порако ковид-19 е преполовена.На сите ракометри и тренери Новата година и Божикните празници, во име на Управата им ги честита директорот на клубот, Димитар Митревски и им посака успешна година и победи.Потоа тренерот Бабиќ на ракометарите им го соопшти и планот за подготовки, кој започнаа во Битола и ќе се одвиваат тука до 23 јануари, а потоа заминуваат за Хрватска на зимска мини-турнеја.Еурофарм Пелистер на мини подготовките ќе игра три контролни натпревари, на 24 јануар против Целје Пивоварна Лашко, на 26 јануар против Сесвете и на 28 јануар против екиоата на Загреб.Со преполовен состав и без голем број репрезентативци, но со ракометари од Еурофарм Пелистер 2, Жељко Бабиќ го одржа првиот тренинг.На Европското првенство ќе играат Кизиќ, Ојлески, Маџовски, Велковски, Костески, Радовиќ, Периќ и Секељи.Никола Маркоски беше на првата прозивка, бидејќи поради оовреда нема да настапи на Европското првенство. Стипе Мандалиниќ поради изолација, позитивен на ковид тест, на екипата ќе му се приклучи за неколку дена.На тимот на Еурофарм Пелистер од Еурофарм Пелистер 2 му се приклучија Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Иван Димитровски, Филип Арсеновски и Никола Стоилевски.Првиот официјален натпревар Еурофарм Пелистер ќе го одигра во првата недела од февруари, против екипата на Охрид.

Текст и фото: С.Ристевски