Press "Enter" to skip to content

Бабиќ на стартот на подготовките: би сакал во Битола да почмене заедно, но среќен сум што половина наша екипа е на ЕП

Екипата на Еурофарм Пелистер вчера попладне ги започна подготовките за претстојната пролетна полусезона, која поради натрупаниот календар од почетокот на февруарти нуди многу наближани натпревари од Суперлигата, Европската лига, а ако почне и од СЕХА лигата. 

На стартот на подготовките тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ рече:

-Како и секогаш имате позитивни и негативни работи кога почнуваат зимските подготовки. Среќен сум што нашите играчи играат за своите репрезентации и длабоко сум уверен дека добро ќе се презентираат. Од друга страна како тренер би сакал да сме сите заедно и да можеме да тренираме, бидејќи ни следи напорна втора полусезона, во која треба да ги браниме добрите резултати од есенскиот дел. Ќе мора да ги убрзаме процесите да бидеме спремни за почетокот на февруари и официјалните натпревари.

Ќе се подготвуваме во Битола оваа и следната недела. На 23 јануари патуваме во Загреб, имаме три контролни натпревари против добри екипи како Целје, Сесвете и Загреб. Ќе видиме кои од играчите ќе ни се приклучат од Европското првенство и каква ќе биде ситуацијата со корона-вирусот. Во меѓувреме ќе почне и домашното првенство со домашниот дуел против Охрид. Битно ни е да ни се вратат играчите здрави и ако е воопшто возможно, ковид-19 да нè  заобиколи.

More from СпортMore posts in Спорт »