Press "Enter" to skip to content

Во Битола 198 нови позитивни на ковид-19 од 223 тестови, оздравени 37 пациенти, активни 1.261 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 198. Од вкупниот број на позитивни (1.822), регистрирани се 173 реинфекции.

Регистрирани сe 668 оздравени пациенти, од Битола се 37.

Досега во Битола има 10.540 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.261 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица, нема од Битола.

Во Битола направени се вкупно 223 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 95 и преку “Плодност“ 128.

Досега во земјата се направени вкупно 1.679.890 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 238.061, бројот на оздравени пациенти е 216.521, на починати е 8.062, а бројот на активни случаи изнесува 13.478.