Press "Enter" to skip to content

Габриела Илиевска: Владини претставници на средба во Општина Битола за штетите од земјотресот

По донесениот заклучок во Советот на Општина Битола, претседателката на Советот Габриела Илиевска достави барање до Владата на РМ за помош по претрпените штети од земјотресот. 

Денес во Битола доаѓаат претставници на Владата на средба со градоначалникот, претседателката, како и пратениците од Битола.

Владините претставници ќе ги добијат сите информирации за состојбата на терен, како и за активностите кои се преземени во претходните денови, ќе разговараме и за понатамошните постапки и начинот на кој заедно можеме да помогнеме на битолчани.
More from ВестиMore posts in Вести »