Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 стартуваше со подготовните за продолжението на сезоната во која се најпријатно изненадување (фото)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во салата “Боро Чурлевски“ во Битола ги започна подготовките на пролетниот дел на оваа ракометна сезона, во која се најпријатното изненадување, посебно по победата на Вардар.Прозивката во Битола ја направи тренерот Александар Јовиќ, заедно со помошникот Александар Зарков и тренерот на голманите, а на првата прозивка не се јавија репрезентативците голманот Трајкоски и крилот Кузманоски.На стартот на подготовките Јовиќ рече:-Денес ги започнавме подготовките и имаше уште шест кола од вториот дел на полусезоната. Цел на екипата останува пласман во плеј-офот, што по залихата која ја имаме од есенските кола треба да биде лесно остварлива. Но затоа треба добро да ги одработиме овие дваесеттина дена и подготовките да ги дочекаме дуелите во кои треба да го потврдиме  местото во плеј-офот. Мојата екипа на секој натпревар ќе игра на победа. Огромна сатисфакција и на клубот и нашето семејство е големиот број репрезентативци и на сите им посакувам успешно првенство, а на нашата селекција достојно претставување.Што се однесува пак до планот за подготовки и контролни натпревари тренерот на Еурофарм Пелистер 2 најави два теста со македонски суперлигаши на крајот на месец јануари.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »