Press "Enter" to skip to content

Работна средба на Коњановска и Илиевска со претставници на Владата (фото)

По работнито состанок во кабинетот на градоначалникот Коњановски на прес-конференцијата потоа беше речено дека Владата финансиски ќе им помогне на граѓаните што претрпеа штети од земјотресот во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и Претседателката на Советот на општината Габриела Илиевска, денес остварија работна средба со високите претставници на Владата на Република Македонија, Љупчо Николовски – заменик на претседателот на Владата, Горан Милевски и министер за локална самоуправа, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Јетон Шаќири и министер за информатичко општество и администрација, Гоце Георгиевски – претседател на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди, како и пратеничките  Силвана Ангелевска и Бисера Костадиновска – Стојчевска.Главна тема на денешната работна средба, беше состојбата во Битола, после серијата земјотреси кои се случија на 9 јануари, како и начинот и процедурите кои треба да се спроведат за надомест на штетите.Градоначалникот Коњановски, ги информираше владините претставници, дека од страна на општина Битола, процедурите се веќе отпочнати со формирањето на комисија за проценка на штетите од земјотресот. Коњановски додаде, дека денес, од негова страна е остварена средба со претставници на ИЗИИС, кои заедно со комисијата за проценка на штети, веќе се на терен и работат на увид на состојбите.-Денешната посета од страна на претставниците на Владата доаѓа и по донесениот Заклучок од страна на Советот на Општина Битола и испратеното барање од страна на претседателката на Советот Габриела Илиевска за одржување на итна седница на Владата, на која ќе се разгледа состојбата во Општина Битола после земјотресот и ќе се донесе Одлука за обезбедување средства за санација на штетите предизвикани од земјотресот, имајќи предвид дека дел од оштетените објекти се во надлежност на централната власт. Главна заложба на локалната самоуправа е да се постигне навремено завршување на процедурите и обештетување на граѓаните, како и навремена санација на штетите на повеќе објекти, меѓу кои и јавните институции, како: клиничката болница, детските градинки, како и образовните институции.

На средбата, од страна на Општина Битола, беше отворено и прашањето за неисплатениот надомест на штетите од невремето во Битола во 2018 година, за што од страна на претставниците на Владата беше даден одговор дека оваа постапка ќе биде завршена, согласно методологијата. Градоначалникот Коњановски, го отвори и прашањето поврзано со проблемот со електричната енергија и високите сметки за струја, за што од Владините претставници, доби информација, дека на оваа тема конкретен владин став се очекува идната недела.

“Поинаку“ уште еднаш докажа дека е отворено и подготвено за соработка со сите, бидејќи со соработка и разбирање, без препукувања, суети и поделби е начинот на кој сите можеме да придонесеме за подобра Битола и подобар живот за битолчани.-Најпрво сакам да го изразам моето задоволство за ова што денес се случува во Битола, бидејќи по донесувањето на Заклучокот на Советот на Општина Битола, веднаш после еден ден, ние сме сведоци дека тука имаме високи претставници на Владата на Република Македонија, сведоци сме дека на еден транспарентен начин, со соработка седнавме и ги разгледавме сите прашања, сите оние работи кои во овој момент се случуваат во Битола, кои не се добри, меѓутоа по овој состанок донесовме еден заеднички заклучок дека Битола навистина заслужува и дека мора да има соработка на сите нивоа за битолчани да добијат подобар живот. Во однос на штети настанати од земјотресот, она што можам да го кажам од состанокот е дека истите во најбрз временски рок ќе бидат санирани, ќе се изврши проценката, меѓутоа важно е и тоа што објектите, институциите од витално значење што побрзо да бидат ставени во функција, а по денешните разговори сметам дека тоа исто така ќе биде санирано и средено, изјави Претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска.

На прес-конференција во Битола, вицепремиерот Љупчо Николовски посочи дека институциите мора да се во служба на граѓаните.-Институциите мора да работат во служба на граѓаните, затоа сите правни, легислативни инструменти и механизми коишто законите ги даваат низ постапките и процедурите треба да ги спроведеме час поскоро се со цел да бидат работите вратени во нормала. Владата изрази целосна подготвеност да што побрзо бидат санирани сите штети, особено во јавните институции кои се важни за сите граѓани, за да може клиничката болница, останатите здравствени установи, образовните институции и градинките да функционираат. Во оваа прилика ја изразуваме целокупната поддршка да овој процес и низ овие маки и проблеми коишто ги осетија битолчани да знаат дека институциите, општината, Владата сите заедно стојат на иста страна со граѓаните и дека сето ова ќе биде надоместено од страна на општината и Владата, изјави заменик-претседателот на Владата Николовски.

Во изјава за медиумите министерот за локална самоуправа Горан Милевски истакна дека Владата веднаш и позитивно реагирала на барањето од Општина Битола за помош по неодамнешниот земјотрес.-Комисијата што е можно побрзо да даде проценка и да може брзо да се интервенира со средства од ресорните министерства, а дел од нив сме тука во Битола. Штетата треба да се санира на две нивоа. Едното ниво е брз санација на јавните инстутуции, бидејќи болницата мора одма да се стави во функција и тоа не непхдно. Со тоа паралено треба да се санираат и другите установи. Независно од тоа што училиштата и градинките се на локално ниво сметаме дека целосно треба да ги исфинансираме во реновирањето преку програмите на Министерствата, а идниот министер за образование се обврза да го реши тој проблем, а наставата наместо во оштетените училишта да се одвива во други објекти. Детските градинки и училиштата кои иако се во надлежност на локалната самоуправа, сепак Владата треба да ги санира. Владата и Општина Битола, независно кој е власт или опозиција, заедно да работиме во интерес на граѓаните и соодветно ќе ги обесштетат сите граѓани, рече Милевски. На состанокот присуствуваше и Гоце Георгиевски од Комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди кој на пресот рече, Општинските комисии за проценка на штети се веќе формирани и првичните проценки се во тек, согласно Законот за заштита и спасување, а по завршување на овој процес и комплетирање на вкупно настанатата штета, Владата ќе донесе одлука за обесштетување.

Денес на терен заедно со Општинските комисии беа и претставници на Институтот за земјотресно инженерство, а дел од министрите посетија и објекти оштетени од земјотресот.