Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: мајка пријавила физички напад над син, санкционирани 19 возачи

На 11.01.2022  во СВР Битола Г.Д. од Битола  пријави дека нејзиниот син бил физички нападнат од страна на едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

На 11.01.2022 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 19 мерки, од кои 9 мерки за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 10 за пречекорување на  брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.