Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пет возила што вршат јавен превоз исклучени од сообраќај, имале неисправни сопирачки

Денес, полициски службеници од СВР Битола од 8 до 14 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.

При контролата, биле откриени и санкционирани пет возила со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци.

Од нив четири возила на територија на Битола и едно возило на територија на Прилеп. 

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.  Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од СВР Битола.