Press "Enter" to skip to content

Во Битола 177 нови позитивни на ковид-19, оздравени 52 пациенти, починати две лица, хоспитализирани 23 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 6.173 тестови, а регистрирани се 1.865 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 177. Од вкупниот број на позитивни (1.865), регистрирани се 207 реинфекции.

Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од Битола се 52.

На Инфективно одделени во Битола се  23 пациенти кои се лежечки и 32 пациенти кои што дневно болнички примаат терапија.

До сега во Битола има 10.716 лиц лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.383 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица, 2 починати лица од  Битола на возраст од 65 и 66 години, починати во болнички услови.

Направени се во Битола вкупно 208 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 100 и преку “Плодност 108.

Досега во земјата се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545.