Press "Enter" to skip to content

За православните верници вечерва е Стара нова година, а утре Василица

-На 14 јануари православните верници го слават споменот на Свети Василиј Велики, а воедно и го празнуваат почетокот на новата година по Јулијанскиот календар.

-Во Битола вечерва и утре се “врти“ мазник со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечер во Битола и во сите места каде живеат ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. 

На Василица верниците од Битола кои се водат по овој календар “вртат“ мазник со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење.

Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од калуѓерите на Света Гора.

За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.