Press "Enter" to skip to content

Марио Танковски: можеме многу во плеј-офот, подготовките во Хрватска за брусење на формата

Во Битола започнаа подготовките на Еурофарм Пелистер за престојната полузесона каде ќе се одлучува за тоа кој тим ќе биде шампион во домашното првенство, а секако тука се и натпреварите на меѓународна сцена. Марио Танковски е дел од тимот кој тренира во Битола, а за кој вели дека има шанса и во Скопје да му парира, па и да го победи шампионот.

-Би рекол дека есенскиот дел беше одличен. По почетниот лош натпревар против Ним, врзавме серија на позитивни резултати. Во домашното првенство доминиравме, штета само што во последниот натпревар против Вардар 1961 не ги освоивме трите бода. Но, нема враќање назад, напорно ќе работиме за да ги победиме и преостанатите два натпревари против нив во плеј-офот. Јануари е месец на подгоотвки, не сме комплетни, имаме репрезентативци и отсутни од ковид-19. Добро ќе ни дојдат подготовките во Хрватска. Дотогаш ќе работиме во Битола, вели Танковски.

Од понеделник екипата започнува со двојна програма на тренинзи, а предвиден е и тест натпревар против Еурофарм Пелистер 2. 

More from СпортMore posts in Спорт »