Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарен “мерцедес“, злоупотреба на платежна картичка, два физички напади

На 13.01.2022  во СВР Битола А. Ј. (37) од Битола пријави дека околу 02.50 часот на ул. “Бранислав Нушиќ“ во Битола  настанал пожар на патничко  возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј. (66) од Битола. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Битола, а увид изавршила увидна екипа на СВР Битола.

На 12.01.2022 во СВР Битола 52-годишен маж од Битола пријави дека во нивниот дом во Битола бил нападнат од страна на неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.01.2022 во СВР Битола, Ј.Ј.(28) од Битола пријави дека платежната картичка на неговата баба, која на 05.01.2022 ја изгубила, била злоупотребена на повеќе продажни места во Битола, со што и била нанесена штета 7.750 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.01.2022 во СВР Битола, Б.С. (27) од Битола пријави дека на ул. „Козјак“ во Битола бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.