Press "Enter" to skip to content

“Синергија“ – систем за “паметно“ живеење и работење од “Јавен Адвертајзинг“ за прв пат во Македонија (фото)

За прв пат во Македонија, “Јавен Адвертајзинг“ од Битола воведе систем за целосна автоматизација, односно систем кој овозможува „паметно“ живеење и работење. Се работи за систем составен од смарт уреди, сензори, како и смарт асистент преку кои може да се контролира секој електричен уред, но и секоја активност во домовите, канцелариите или останатите деловни простории.“Јавен Адвертајзинг“ е веќе добро позната софтверска компанија која работи локално, но и интернационално, но и по својот едукативен центар со кој успешно обучува кадри од ИТ областа веќе 4 години. Но, “Јавен Адвертајзинг“ не застанува тука со своите иновативни потфати, па затоа сега воведе на пазарот и единствено решение за целосна автоматизација на сите уреди во домовите, но и деловни простории. Се работи за системот СИНЕРГИЈА (sinergy.com.mk) – free@home решение од интернационалната компанија ABB. Целосната имплементација и конфигурација на системот се прави од страна на Јавен Адвертајзинг, и тоа според желбите, потребите и барањата на клиентите, вели Ана Ристевска, сопственик на “Јавен Адвејтзјзинг“. 

“Јавен Адвертајзинг“ е единствена компанија во нашата земја која го нуди ова решение во соработка со официјалното претставништво на ABB во Македонија, а за тоа што добиваат клиентите со новиот систем, Ристевска додава:-Преку имплементација на системот “СИНЕРГИЈА“, клиентите без разлика дали се физички или правни лица имаат контрола врз уредите кои се наоѓаат во нивните простории од било кое место и од било кој уред – мобилен телефон, компјутер или таблет. Воедно, се целосно дигитализирани, а имаат и заштеда во електричната енергија. Или кажано едноставно, клиентите може да го контролираат осветлувањето, греењето, ладењето, напојување со електрична енергија, да имаат целосна контрола врз сите апарати за домаќинство, принтери, камери, домфонски систем и се што нив им е потребно, само со клик од својот мобилен телефон.Со цел се ова да биде појасно претставено пред своите клиенти, “Јавен Адвертајзинг“ во своите нови простории направи и ShowRoom односно соба за презентација каде го демонстрира целиот овој систем и сите функционалности кои ги дава истиот.

-На овој начин, клиентот и идните корисници може да ги согледаат и почувствуваат бенефитите од целосната дигитализација, вели Ристевска.Дополнително инфо за решението “СИНЕРГИЈА“ од “Јавен Адвертајзинг“ може да се најде на нивната веб страна sinergy.com.mk каде може секој, физичко лице или фирма да закажи презентација со цел да види како системот работи и како истиот управува со различни уреди подесени со различни сценарија.