Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер по неколку години повторно во сопственост на Општина Битола, подготовките стартуваат утре

По промената на сопственоста на акциите на фудбалскиот клуб Пелистер пред три месеци, сега повторно промена на сопственикот. Фирмата “Спорт Бит“ од Битола ги врати акциите на Општина Битола која е и основач на клубот. 

“Спорт Бит“ е приватна компанија која сега ги подари акциите на градот, и со тоа е завршен еден лош  период за клубот под Тумбекафе, откако сопственикот Пеце Стојчевски и неговите партнери уште по завршувањето на минатата сезона рекоа дека не се во можност повеќе да го водат клубот. Потоа следуваше продажба на 75 проценти на акциите на “Спорт Бит“, кои сега се во стопроцентна сопственост на Општина Битола.

Како Општина Битола ќе управува со комплетниот пакет акции останува да видиме. За утре во 13 часот е закажан старт на подготовките, а нив ќе ги започне Горан Ганчев кој на некои натпревари го предводеше клубот по оставката на Димитар Капинковски, кој  се уште нема официјалан наследник.

Дали Пелистер ќе успее да го задржи прволигашниот статус е неизвесно по есенскот дел, бидејќи е последен на табелата без ниту една победа со само 5 освоени бодови, а и оние малку играчи кои останаа од минатата сезона дел заминаа.

More from ВестиMore posts in Вести »