Во просториите на НУУБ„ Св. Климент Охридски“- Битола е поставена изложба на ликовните творби испратени на конкурсот на тема „Со маските научивме да се смееме со очите“ во организација на “Inner Wheel Club-Bitola“ и Друштвото на ликовни уметници на Битола.Во присуство на наградените млади уметници, нивните наставници и дел од нашите членки беа доделени и наградите во три категории. Честитки за наградените и многу успех и во идни проекти.
Во првата категорија за ученици од VI и VII одделение награди добија: 1 награда за Ангела Ристевска од ОУ „Стив Наумов“, 2 награда за Ема Петровска од ОУ „ Тодор Ангелевски“ и 3 награда за Ивана Волкановска од ОУ “Тодор Ангелевски“ (подрачно училиште во Горно Оризари).
Во втората категорија за ученици од VIII и IX одделение награди добија: 1 награда за Ива Ѓоргиева од ОУ „Стив Наумов“-Битола, 2 награда за Наталија Павловска од ОУ „Гоце Делчев“- Битола и 3 награда за Ана Ангелевска од ОУ „Стив Наумов“- Битола.
НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола исто така награди 10 ликовни творби со едногодишна бесплатна членарина. Наградите им ги додели директорот м-р Бојан Стефановски на учениците: Јана Танчевска од ОУ „Климент Охридски“, Евгенија Наумовска од ОУ „Елпида Караманди“, Јана Темелковска од ОУ „Тодор Ангелевски“, Сара Димитрова од ОУ „Трифун Пановски“, Јана Митевска од ОУ „ Стив Наумов“, Јана Драгишка од ОУ „Стив Наумов“, Ебру Селимовска ОУ „Тодор Ангелевски“, Марија Ризовска ОУ „Трифун Пановски“, Ивана Јовановска ОУ „Тодор Ангелевски“ и Јана Ристевска ОУ „Елпида Караманди“.

Ангела Ристевска од “Стив Наумов“ победник на конкурсот “Со маските научивме да се смееме со очите“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес на “Бит фест“: концерт на две битолчанки, дуо пијано, “Музиката раскажува приказни“
- Отворен форумот за локални практики во филмската уметност (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 27 степени
- Го пречекал кај мостот над Баирот со закана му ги одзел парите
- Во Битола 38 нови позитивни на ковид-19, оздравени 56, активни 270 случаи
More from КултураMore posts in Култура »
- Денес на “Бит фест“: концерт на две битолчанки, дуо пијано, “Музиката раскажува приказни“
- Отворен форумот за локални практики во филмската уметност (фотогалерија)
- “Барокната инспирација“ на Марко Поп Ристов и Марко Ариани пред битолчани (фотогалерија)
- Денес на “Бит фест“ концерт “Барокна инспирација“
- Промоција на книгата “Корени“ на Гордана Лазаревска Димитријевиќ (фотогалерија)