Press "Enter" to skip to content

Во Битола 159 нови позитивни на ковид-19, оздравени 114, активни 1.423 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 159. Од вкупниот број на позитивни (1.732), регистрирани се 204 реинфекции.

Регистрирани сe 1.035 оздравени пациенти од Битола се 114.

До сега во Битола има 10.870 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.423 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица, нема од Битола.

Направени се вкупно 235 ПЦР ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 113 и преку “Плодност“ 122 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а бројот на активни случаи изнесува 15.228.